Monday, February 17, 2014

Лек против стрии

Лек против стрии Стриите се појавуваат при прерастегање на кожата и попуштање на еластичните влакна, наједноставно е да ги мачкате со специјални продукти за стрии, на пазарот ги има разни видови .Гледајте да не варирате многу со тежината за понатаму, секое поправање и ослабување со над 3 килограми ќе ви прави нови стрии. Како е можно тоа да се спречат стрии? Вашата кожа ќе биде здрава и убава, ако ги следите овие препораки: Храната треба да биде разновидна и да содржи голем број на витамини и здрави потребни елементи за да се спречат стрии, како витамините А, Ц, Д, протеини, цинк. Треба доволно вода да се консумира секој ден 8 чаши,Во случај да се консумираат пијалоци богати со кофеин, тогаш треба да се пие дури и повеќе вода. Со помош на водата кожата е поздрава и повеќе еластична, додека телото е поздраво и повитко. Таа делува позитивно на еластичноста на кожата и стриите не се формират кога кожата е здрава и еластична. Вежбајте го вашето тело. Кога целото тело е здраво и затегнато вашата кожа е здрава и еластична и на тој начин се спречува создаванје на стрии. Пробајте го овој рецепт: Во свежа жолчка од јајце додадете 2 супени лажици кантарионово масло, 1 супена лажица чичково масло, 5 капки лимонов сок и на крајот 3 капки тинктура од невен. Цело време мешајте ја смесата со голема лажица, додека не добиете хомогена смеса. Со помош на широка четка мелемот се нанесува во тенок слој на местото на кое имате стрии. Седете така половина час и потоа истуширајте се со топла вода, а потоа исто така во тенок слој нанесете некаква крема за регенерација на кожа. Третманот се прави два пати неделно.

No comments:

Post a Comment