Monday, February 17, 2014
Tри природни рецепти за смирување на кашлицата
Tри природни рецепти за смирување на кашлицата
Јаболко со лук и мед
Ова е едноставен рецепт. Се земаат еднакви количини на лук, мед и јаболка, на пример по 100 грама. Јаболкото и лукот се рендаат, а потоа се додава медот. Смесата убаво се меша. Се консумираат 4-5 лажици во текот на денот или по потреба кога се јавуваат силни нагони за кашлање.
Ловоров лист против интензивна кашлица
Во половина литар вода додаваме 150 грама шеќер. Водата и шеќерот заедно се ставаат на оган се додека водата не почне да врие. Откако водата ќе почне да врие, додавате десет ловорови листови, а потоа се остава водата со шеќерот и ловоровите листови да врие уште 20 минути. Смесата се става во тегла, а се консумира по потреба, односно во периоди на интензивна кашлица.
Традиционален шербет „прегорен шеќер” против кашлица
Овој рецепт, барем во Македонија, би требало да биде добро познат. Но, сепак ќе го споменеме уште еднаш. Во мал сад на оган ставаме еден филџан шеќер. Шеќерот го мешаме и чекаме да се карамелизира, односно да се растопи и добие кафеава боја. Откако ќе се растопи додаваме уште два филџани вода, го намалуваме огнот и оставаме шеќерот потполно да се растопи. Овој рецепт се прави и се зема во периоди на интензивна кашлица, и се консумира исклучиво по потреба.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment